За жал, скопјани ќе мора да ги почекаат локалните избори за да се реши проблемот со кој секодневно се соочуваат- јавниот градски превоз.

Јавниот превоз во Скопје е далеку од тоа што треба да биде, но секој ја носи својата одговорност. Ние разговаравме кога се правеа одредени законски измени во однос на градоначалници и мој личен став е дека е недозволиво да единствена позиција во оваа држава која што не може да биде отповикана е градоначалник и затоа тоа дава вакви резултати. Со ова се одговорив.

Ова го истакна министерот за транспорт Александар Николоски, одговоарајќи на новинарско прашање- околу проблемот со јавниот превоз во Скопје и дали ќе се чекаат локални избори за да се реши иистиот.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, вели дека за жал, за решението со овој проблем со кој секојдневно се соочуваат скопјани, мора да се почекааат локални избори.

-Се работи за несериозност од страна на Град Скопје да интервенира во решавање на проблемот и можност постојано да се бараат изговори, некој друг да е виновен на сметка на тоа што некој не знае да изменаџира. За жал, согласно постоечките законски нормативи ние сме принудени како скопјани да имаме еден тежок период, една голгота која ја преживуваат, но за жал за решение на истата мораме да почекаме локлани избори. Верувам дека после локалните изборо после неколку месеци од денес ќе биде за брзо време средена состојбата во градот, потенцираше Ѓорѓиевски.