Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во „Само вистина“ на Канал 5 откри дека премиерот Зоран Заев ветувал бизнис зделки на бугарскиот премиер Бојко Борисов, односно ветени биле најмалку пет бизнис зделки.
Според Николоски, Заев покрај тоа што го распродава македонскиот идентитет, тој исто така низ призма на преговорите турка и бизнис зделки врз грбот на граѓаните.
– Јасно е дека Зоран Заев ветувал и бизнис зделки на Бојко Борисов, а тоа се гледа по односот помеѓу двајцата лидери изминатиот период. Имено, Зоран Заев ветувал дека бугарски капитал ќе влезе во Македонија преку рудникот Иловица, кој магично преку ноќ го промени сопственикот. Исто така им ветил една национална телевизија, акции во еден оператор мобилен, банка и слободно користење на општички кабел на една државна компанија. Тоа се работите кои Зоран Заев лично му ги ветил на Бојко Борисов, рече Николоски.
Тој додава дека бугарските медиуми пред одреден краток период објавија дека Зоран Заев поседува имот на Халкидики, Грција.
– Тоа само кажува за точноста на информациите за договорите помеѓу Заев и Борисов, како и со другите лидери, на кои не само што им ги исполни бизнис барањата, туку им го даде на тацна и македонскиот идентитет. Тоа е класично понижување на државата, заврши Николоски.
Премирот Заев претходно негираше дека има вила на Халкидики, и рече дека написите во медиумите не се точни.