Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во разговор за Канал 5 зборуваше за промените кои треба да се случат во државата, а според него приоритет треба да се стави на водење битка со корупцијата.
На вечерашното гостување Николоски истакна дека потребна е влада на национално единство, а според него треба да има и предвремени парламентарни избори бидејќи Заев, како што вели, нема капацитет да води битка против корупцијата.
– Заев нема капацитет да води битка против корупцијата која е најважна за напредок кон ЕУ, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека потребна е промена на власта веднаш. Според Николоски, лошо е условувањето со Бугарија. Тој вели дека 90 отсто од проблемите кои ги имаме се дома, и прво треба да се решат тие. Тука како пример ја посочи корупцијата.
Николоски изрази незадоволство од премиерот Заев бидејќи нема доволно средби со западните лидери.
– Зоран Заев немал средба со премиер на западна држава уште од пред аферата „Рекет“, а од тогаш има поминато повеќе од една година, заврши Николоски на гостувањето на Канал 5.