При посетата на општина Сопиште, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски беше запрашан за новиот закон на Заев за продажба на земјиште.
„Во однос на земјоделското земјиште, мислам дека се работи за еден мафијашки обид за распродажба на Македонија. Откако Зоран Заев се обиде да реализира неколку лукративни проекти и ниту еден од нив не му успеа, сега последниот голем таканаречен проект кој се обидува да го реализира е распродажба на земјоделското земјиште, нешто на што не помислиле генерации и генерации македонски политичари без разлика дали во поранешна Југославија или во денешна Македонија, Зоран Заев се најде најпаметен да го прави тоа“, истакна Николоски.
Николоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе се спротивстави и ќе ги употреби сите механизми во Собранието за овој закон да го спречи, затоа што државното земјоделско земјиште треба да се даде на земјоделците и оние кои сакаат да работат, да го работаат под концесија, но никако да се продава, а особено не смее да се дозволи да се продава на луѓе со криминални намери кои што се од државата или од странство, но кои што немаат чесни намери.
„Планираме да дадеме конструктивни амандмани кои ќе дадат најдобро решение. Доколку истите не бидат прифатени, а да бидам искрен не очекувам да бидат прифатени затоа што нема чесна намера, ќе направиме сѐ за да го блокираме законот“, нагласи Николоски.
Што се однесува до отворањето на велико трновскот бугарски универзитет во Македоија, Николоски истакна дека не гледа ниту реципроцитет. На пример не се виде дека било кој од македонските универзитети му се дозволува да отвори своја филијала во Бугарија.
„Еве, да прашам дали мисли Зоран Заев и Владата дека би дозволиле во Софија да се отвори филијала на битолскиот универзитет кој што се вика „Свети Климент Охридски“ и го носи истото име како најголемиот универзитет во Бугарија. Мислам дека Бугарите не би ни помислиле да дозволат такво работа камо ли да ја направат“, рече Николоски.