Доктор Игор Николов, кој е дел од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше на денешната групна, прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче. И покрај забраната од Владата од која и тој е дел, за групирање на повеќе од четири лица, Филипче даваше изјава заедно со уште повеќе лица, кои стоеја на растојание од 20-30 сантиметри.
Тој ја коментира изјавата на Филипче дека мерките се добри, не смее да има групирање, како и новта бројка од 30 починати за едно деноноќие.
-Се собрале на прес цела сурија и викаат, добри се мерките ако нема групирање повеќе од 4. Нервно и кожно забрзано се полнат. Денес 30 мртви.
Зарем само до групирањето е?