– Институциите треба да се адаптираат и економските единици на начинот на кој што се намалува односно се елиминира ризикот за ширење на вирусот и ширење на епидемијата. Многу е важно да се спроведат мерки за да на почетокот се изолира и се блокира колку може вирусот со цел да не дојде повторно до она одеднаш букнување и повторно целосно оптеретување на здравствениот систем, рече Игор Николов, претседател на Комисија за здравство при ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во „24 анализа“
Николов додаде дека ако продолжи вака со делта вирусот знак прашање е дали училиштата во септември ќе се отворат за децата.
– Ние треба оваа битка да ја водиме за да останат училиштата отворени, бидејќи ако продолжи ова вака и не дејствуваме сега на почеток ризикот за повторно затворање на училиштата е многу поголем и поважен од овој ризик за затворање на економските единици од секторот на угостителство. Замислете втора година учениците да не одат на училиште, што ќе ни се случи. Замислете втора година да немаме доволно тестови. Која е причината сега да нема брзи тестови на луѓето кои што доаѓаат од ризичните земји и веднаш да се тестираат на граница и потоа да се стават во некаква домашна изолација, која што не чини ништо, чини само еден сертификат на кој што ќе му се издаде епидемиолошка мерка дека треба да остане дома во одреден период, појасни Николов.
Николов запраша зошто сега на границата не се даваат флаери на граѓаните да знаат каде да побараат медицинска помош, кои се симптомите на грипот затоа што нашата дијаспора не знае каде да побара медицинска помош.
– По мене навистина е зачудувачки да не предлагаме никакви мерки и одржиме состанок. Како тоа власта да говори дека состојбата е добра, за да потоа веднаш после тоа добиваме бројка од заразени која што драстично расте, нагласи Николов.