Д-р Игор НИКОЛОВ, во „Што не е јасно“ на ТВ Алфа:
-Загрижува процентот на дневно заразени во однос на тестирани лица. Тој број се зголеми од 10 отсто на сегашните 35 отсто до до 45 отсто позитивни лица и тоа не наведува на заклучокот дека целиот товар паѓа на здравствениот систем кој е оптоварен од почетокот на пандемијата, но сега е пикот и знак на прашање е како би се издржал овој период без да се носат конкретни мерки.
Дојдовме во ситуација да се игра пинг-понг политика. Комисија за заразни болести вели Владата, Владата вели Комисијата така рече и цело време имаме префрлање на одговорноста и имаме за жал еден пи-ар кој цело време не убедува дека ситуацијата е под контрола, но реалноста е дека тој голем пи-ар многу им пречи на здравствените работници.
Се наоѓаме во фаза кога вирусот слободно циркулира низ популацијата доколку конкретно нешто не се превземе стравувам дека ќе имаме црно сценарио. Мерките требаше да се преземат многу порано затоа што само за една недела имаме енормен раст на бројот на заразени од дури 70 отсто повеќе заразени, а тоа е знак за преземање на мерки.
-Најголем проблем не беа рестораните, туку слободно ноќно движење навечер кај младите лица. Имавме ситуација кога државата не обезбеди образование, па тие се шетаа навечер во доцни часови групирајќи се по плажите, дискотеките, концертите, каде и членови на Комисијата за заразни болести беа дел од истите и тоа нивно однесување на непочитување на препораките, тоа нивно однесување доведува до слободно ширење на вирусот низ населението. Истовремено, имаме алгоритми кои се донесени во период за 15-30 позитивни и истите се користат и денеска кога имаме 900 или 1.100 позитивни, адаптација на алгоритмите немаше, а системот и она што е донесено до сега стимулира трансмисија на вирусот.