(*Твит од Академик К.Ќулафкова, избришан од неа, наводно, бил од лична природа и не се однесувал на состојбите во Македонија, како нејзина реакција на поднесена кривична пријава од Хелсиншкиот комитет, наводно, заради „говор на омраза“, поврзан со ширење на заразата од верските, муслимански обичаи)

Пишува: Олгица НИКОЛА ТРАЈКОВСКА
(Македонка од државата Македонија)

 

Избришаниов, го користам како парадигма на МОЈОТ став, којшто, по ниедна цена нема да го избришам, не е од лична природа,  туку децидно се однесува на состојбите во Македонија!

Го охрабрувам Хелсиншкиот да ми поднесе кривична пријава, по која сака основа, се надевам со контра докази/аргументи!

Мало потсетување:

 

„СОЖИВОТ“, КАКО НАЧИН НА ОПСТАНОК

 

Различни единки, било индивидуално или во групи, по разични основи (полови, образовни, верски, етнички), заради обезбедување поповолни услови за живеење, опстанок, унапредување, развој…, се здружуваат во заедници, на различни нивоа, како: брачни и вонбрачни, племиња, држави, меѓународни, интернационални, светски…( во тнр „СОЖИВОТ“)

(Во природата познато како: СИМБИОЗА)

Услов за здружување во вакви заедници е договорено и ДОБРОВОЛНО пренесување дел од својата есклузивна битност/сувереност на органите/претставниците на заедницата, за тие да управуваат/одлучуваат во име на СИТЕ и за ОПШТОТО/заедничко добро! Секој, по ЦЕНА на нешто свое, добива дел од нечие ТУЃО, во интерес на сите!

Тоа е ЦЕНАТА за вистински „соживот“!

Во спротивно, доколку пренесувањето/откажувањето е само од една единка/група, во интерес на друга, настапува состојба на ДИКТАТУРА, ТИРАНИЈА, па дури и УНИШТУВАЊЕ – СМРТ/исчезнување на оној што само дава, а не добива…

(Во природата познато како ПАРАЗИТИЗАМ и др….)

Во Македонија, ЕДЕН дел од граѓаните,  постојано условува/уценува ДРУГ дел од граѓаните, да прави отстапки/ОТКАЖУВАЊЕ од свои природни, НЕОТTУЃИВИ и НЕПРЕНОСЛИВИ права, како услов за опстанок на заедницата, наводно, под  име на сочувување на тој „СОЖИВОТ“!

Конкретно, Македонците, ЦЕНАТА за божемно одржување на наводниот „СОЖИВОТ“ во Македонија, ја плаќаат со сопствено ИСЧЕЗНУВАЊЕ, ЕТНИЧКИ /ИДЕНТИТЕТСКИ ГЕНОЦИД  и снемување на нивната единствена Татковина!

 

Накусо за основите на овој став :

 

 

  • УБИСТВОТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ДРЖАВА, 

 

КАКО ЦЕНА ЗА „СОЖИВОТ“

 

Официјално, на Македонскиот народ и на Македонската држава во јануари 2019. година им се прогласи СМРТ! Крај! Непостоење!

Како така? Одеднаш? Случајно? Настрадаа во сообраќајка, ги удри гром..?

Не драга моја Хелсиншка господо!

Името на еден народ е ЖИВОТОТ на тој народ, со сопствено Име, јазик, историја, Идентитет, па и Држава!

Смртта на Македонскиот народ беше долго и грижливо подготвувана!

 

Почнувајќи од причините и последиците од мутираната ТЕРОРИСТИЧКА интервенција 2001. во борба за „човекови права“, спротивно на Уставот и меѓународното право,  кога НАСИЛНО и со уцени, се смени нејзиниот УСТАВНО утвреден профил, за потоа, чекор по чекор, во име на „СОЖИВОТ“ и добрососедски односи, под закана на  „дестабилизација“ , со наметната непринципиелна коалиција за освојување на власта (Мајскиот договор), да се удри длабоко во темелите на УНИТАРНОСТА на Државата, со припомош на свесно  предизвиканата нефункционалност и деморализација на Македонците, со постојана закана од кризи на секој план: безбедносен, економски, егзисенцијален и идентитетски…се` до нејзино Обезименување и бришење на Македонците како посебен народ со свој идентитет и  со откажување од македонското малцинство во соседството, со што и формално се отвори пат за негирање на постоење на македонски, автохтон народ и во матичната Држава Македонија!

Така,

– Македонија од НАЦИОНАЛНА држава со рамноправни граѓани од СИТЕ етнички заедници, ја претворија во КВАЗИ ГРАЃАНСКА, во која сите припадници на етнички групи имаат право на своја идентификација, ОСВЕН Македонците, кои, од КОНСТИТУТИВЕН народ, ги престорија во „граѓани на Северната“, без национална припадност „////“;

– Од мултиетничко ОПШТЕСТВО, ја престорија во мултиетничка држава, а на повидок е и ДВО-ЕТНИЧКА ( албанско-бугарска) и тоа без Македонци, со јасни контури на ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА/ПОДЕЛБА;

-Од ПАРЛАМЕНТАРНА ДЕМОКРАТИЈА, ја претворија во АНТИДЕМОКРАТСКА, со одлучување по пат на „бадентерово“ мнозинство и со сериозни обележја  на ДИКТАТУРА од малцинство над мнозинство, каде Македонците се нескриено и дрско дискриминирани;

– Воведоа двојазичност, по сите основи и на сите нивоа;

– Практикуваат „неприкосновено право“ на неказнивост/ослободување, па и вонредни  бенефиции за тешки криминалци ( амнестии, аболиции, вонредни осободувања…), додека Македонците, бранители на Државата и на демократијата, се или заборавени, како жртви или инвалиди, или се в затвор, прогласени како „терористи“ и тн.

Ова и многу друго, доведоа до посакуваната опасна фаза на висок степен на НЕСТРУЧНОСТ и НЕКОМПЕТЕНТНОСТ, а оттука  и до НЕДОВЕРБА кон сите органи на власта. Доведоа до ДЕЗИНТЕГРАЦИЈА, не само меѓу одделните групи по различни основи (верски, етнички…), туку и во македонското ткиво, засилени со економско тонење, деморализација, првенствено на Македонците и  униформираниот кадар. Доведоа и до РУИНИРАЊЕ на образованието, здравството, спортот и особено културата, како  и РЕЗИЛЕЊЕТО на меѓународно ниво, со низа неспособни политичари, дипломати, назначени за туѓи каузи и тн.

* * *

Сето ова е во хармонија на организиран напад и негирање на Македонскиот народ и Држава од големите сили, а особено на соседните држави, пред, а понагласено – по осамостојувањето на МК, со  ПОДДРШКА на  домашни предавници  и припадници на некои други  етнички заедници.

Во прилог на реченово се стотиците илјади државјанста дадени на странски државјани со што неповратно се смени етничката карта на Државата, како и  постојаните отстапки за задовоување на  апетитите на ЕДНА група  граѓани на секој план, не само на сметка на интересите на сите други граѓани/ентитети, туку и на Државата воопшто, спротивни на уставниот поредок и меѓународното право и непознати во искуствата во ниедна друга држава… и тн.

 

(Докази: Усвојување на Уставот од 1991., Раздавање неколку стотици илјади државјанства, Изјава на Ген. Секретар на НАТО, Робертсон за „разбојниците и убијците“ на ОНА; Рамковен договор,сите  Референдуми,  Законот за територијална поделба; Мајски договор, Добрососедски договор со Бугарија, Тиранска платформа, Пржински договори, Преспански договор, Закон за двојазичност… )

 

2.„СОЖИВОТ“ и  ВИРУСОТ 

 

Неколкуте основни постулати на современи, демоктратски држави се:

-СЕКУЛАРНОСТА,

-РАМНОПРАВНОСТА на нејзините граѓани

– ВЛАДЕЕЊЕ на ПРАВОТО,

– СТРУЧНОСТА и КОМПЕТЕНТНОСТА во управувањето и одлучувањето и др.

Тие беа  погазени со ОПАСНИ ПОСЛЕДИЦИ по здравјето и  животот на целото население, во услови на прогласенава Вонредна состојба!

Од страна на надлежните државни органи, очебијно, беа не само толерирани/несанкционирани (забранетите) собирања, туку на чисто етничка и верска основа,  спротитивно на препораки на надлежна стручна Комисија, а по желба и УЦЕНИ и ЗАКАНИ  од  верски лица за НЕМИРИ и ЏИХАД, Владата, НЕОСНОВАНО, НЕПРИНЦИПИЕЛНО и  ОДНАПРЕД, овозможи ПОВЛАСТЕНО обавување верски обреди  за празникот Бајрам, а не санкционираше и претходни обреди за време на тнр,„полициски час“.  На исти основи, не вршеше контрола за спроведување задолжителни мерки на заштита во средини – пазари, населби и сл. со привилегирано население и сл. поради што заразата се РАСПЛАМТИ,  со висок број смртни случаи!

Повторно, во интерес на „СОЖИВОТОТ“, а по цена на самиот ЖИВОТ на луѓето, економијата, егзистенцијата, угледот во светот и тн.

 

(Докази: Официјални статистички податоци за заболени по општини и периоди, Изјави од претставници на Комисијата, Изјави/ЗАКАНИ за немири, џихад и сл. од верски лица и граѓани -Велес, Скопје и тн.)

 

  1. НОВА РАТА ЗА „СОЖИВОТ“

 

По повод претстојните избори, лидерот на ДУИ истакна дека е време премиер на Државата да биде Албанец. И повторно, како 2001. да се крене белото знаме!

Изјавата е дрско ЦИНИЧНА и УЦЕНУВАЧКА, имајќи предвид дека за да дојде на власт која било партија, согласно воведениот систем на ДИКАТАТУРА ( „Бадентер“ и сл.), е нужна коалиција со албанска партија/ии! Значи и директно газење на СИТЕ демократски принципи за избор, слободна волја и мислење! Газење на достоинството на Македонците, и израз на длабока омраза и деспект кон нив!

Албанец по секоја цена?Токму премиер! Пак во име на божемен, вештачки мир и „СОЖИВОТ“?

Зошто?

А зошто не, АКО  вреди и заслужува доверба од граѓаните –  не само Премиер, туку и цела Влада, и Претседател на Држава?  АКО..!?

(Докази: Изјава на Али Ахмети, Бујар Османи и др.)