Жените се рамноправни со мажите во секое поле па и во политиката.
Ова е главниот заклучок на Женската академија за политичко лидерство на Форумот на жени на ЛДП која се одржува викендов во Маврово.
– Самиот факт дека на последните парламентарни избори ЛДП имаше повеќе кандидати жени одошто мажи, како и повеќе жени претставнички во Собранието и скоро 50% советнички во советите на локалните самоуправи покажува дека како партија работиме на родовата еднаквост и ги негуваме европските вредности, вели Јулиана Николова, потпретседателка на ЛДП.
Од партијата потенцираат дека жените треба активно да се вклучат во политиките и да ги развиваат либералните вредности.
– Учеството на жените во политиката е од клучно значење за унапредување и развој на демократијата во општеството, а едукацијата е најдобар начин за јакнење на капацитетите, охрабрување и мотивирање за учество во политичките процеси, додаде Николова.
Женската академија беше поддржана од Фондацијата Фридрих Науман и Националниот демократски институт кои се постојани партнери на ЛДП.
Дваесетте учеснички тимски работеа на тема „Јавна презентација и комуникација”, интерактивно учеа за јавно говорење, односи со јавност и медиуми, креирање и адресирање пораки и тимска работа.