Силно ве охрабрувам да продолжите да создавате од едно – две. Продолжете да креирате производи со додадена вредност и на тој начин да ги јакнете земјоделските стопанства, но и регионите во кои работите и живеете. Заедно, да продолжиме понатаму да дејствуваме. Нашата цел е да ја видиме руралната жена почитувана и силна, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски пред презентацијата на Анализата за наоѓање правен механизам за остварување на правото за користење платено родителско отсуство и боледување за регистрираните земјоделки и земјоделци.

Николовски истакна дека денешниот настан е токму во таа насока – остварување на уште едно право на руралните жени, на правото на користење платено родителско отсуство и боледување.

-Ова право е наменето за сите регистрирани земјоделци и јас во мое лично име и во името на МЗШВ давам силна поддршка да се изнајде правен механизам и конечно вистински да ја заштитиме оваа категорија граѓани. Тоа се луѓето кои ја обезбедуваат нашата храна. Тоа се жените од руралните средини кои со своите раце ги произведувааат најубавите специјалитети, традиционални локални и регинални производи, жените кои развиваат нови производи, нови брендови и нова додадена вредност во македонската економија. Да не заборивме дека тоа се луѓето кои немаат работно време, за нив денот трае од утро до мрак. Навистина, создадени се сите услови конечно да ги остварат своите права кои ги имаат сите останати работници, право на одмор, боледување и платено родителско отсуство, потенцира министерот и изрази надеж дека наскоро ќе бидат промовирани и донесените законски решенија со кои, нагласи, максимално ќе се подобри социјалниот и економскиот статус на земјоделците.

Како што најави Николовски, продолжуваат заложбите жените земјоделки и сите земјоделци од земјава да го добијат заслуженото место во општеството. Утре, на владина седница, ќе биде донесена и новата Програма за рурален развој со која стопроцентно се зголемува поддршката за руралните жени, од 3 000 на 6 000 евра, а се работи и на две нови програми за подршка на земјоделските стопанства во кои ќе се вклопат и руралните жени.

-Нашата соработка и мотивираност почнаа уште во 2018 година кога заедно со тогашната министерка за труд и социјала, Мила Царовска ја потпишавме Декларацијата за подобар статус на руралните жени во организација на Националната федерација на фармери, UN Woman и We effect. И тоогаш, а и денес имаме иста цел – да ја видиме руралната жена почитувана и силна. Една година по потпишувањето на Декларацијата, веќе имавме повик за мерката „Рурална жена“ и одобрени 250 договори за грант од по 3 000 евра. Со силна ангажираност на Платежната агенција, направен е голем успех – наместо планираните 100, обезбедени се средства за 250 жени со кои се потпишани договори во вкупна вредност од близу 40 милиони денари. Оваа мерка беше креирана наменски, како поддршка на руралните жени, да се охрабрат и активно да учетсвуваат и да придонесуваат во општеството, потсети Николовски.

Според него, жените покажаа дека знаат како секој денар вложен во нив, да го вратат двојно во општеството. Има одлични примери на терен како се средствата и поддршката искористени.

-Жените кои добија неповратен грант од Платежната агенција, веќе создаваат финални производи – дел произведуваат мед, џемови, пчелини производи, произведуваат сточна храна, доматно пире, произведуваат квалитено домашно сирење и кашкавал, сушат овошја и зеленчук кои сами го произведуваат, преработуваат месо – со еден збор, овие 250 жени веќе создаваат финални производи и директно влијаат на локалната економија, на равојот на нивните рурални средини, а дел размислуваат и за зголемување на капацитетите. Овие жени со помош на грантот од Платежната агенција директно влијаат на економскиот раст, на рамномерниот регионален развој, рече министерот.

Тој напомена и дека од 2019 година, кога страртуваше мерката „Рурална жена“, бројот на жени земјоделки – носители на земјоделско стопанство, постојано расте.

-Во 2019 година биле регистрирани 36.048 жени, а денеска тој број изнесува 38.588 или 22,2 отсто од вкупно евидентираните земјоделски стопанства. Ова значи дека имаме зголемување за 2 540 жени кои регистрирале земјоделско стопанство, подвлече Николовски.

Услов за жените кои сакаат да добијат поддршка преку мерката 115, е земјоделското стопанство со кое аплицираат да е впишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и согласно Законот за рурален развој. Корисници на оваа мерка може да бидат индивидуални земјоделки носителки на земјоделско стопанство и вршител на дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност, индивидуалнни земјоделки – носителки на семејно земјоделско стопанство кое се стекнало со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување, како и индивидуални земјоделки – носителки на земјоделско стопанство кое се занимава со земјоделство како дополнителна дејност. Право на аплицирање имаат и правни лица: трговски друштва регистрирани согласно Законот за трговски друштва и трговци поединци регистрирани согласно Законот за трговски друштва

Анализата за наоѓање правен механизам за остварување на правото за користење платено родителско отсуство и боледување за регистрираните земјоделки и земјоделци е подготвена од Националната федерација на фармери во рамките на активностите поврзани со родовата еднаквост во руралните средини, поддржани од Шведската организација за развој We Effect, во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Во Клубот на пратениците каде што се презентира Анализата, воведни обраќања имаа и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, како и претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска смета дека прашањето за фундаменталното право на родителско отстуство и боледување за регистрираните земјоделки е исклучително важно за заеднички да се иницираат решенија во насока на почитување на принципите на владеење на правото, на еднаквост, недискриминација и остварување на концептот на социјална правда.

-Вакви средби и настани се потребни затоа што само на таков начин преку отворен дијалог и дебата преку транспарентен начин на работа може да се дојде доо решенија за сите, решенија со кои се решаваат горливи прашања особено за жените земјодејли, рече Тречевска на презентацијата на Анализата.

Според потатоците кои ги има во земјава, како што истакна Тренчевска, 87 проценти од вкупната територија се рурални средини, а речиси 45 проценти од вкупното население живее во нив. Ова, нагласи таа, треба да е дополнителнен мотив да се обрати поголемо внимание на жената во овие подрачја.

-Според истражувањата во руралините средини само околу 4 проценти жени се сопственички на имот или куќа наспроти 96 проценти сопственици мажи, а само 12 отсто се сопственички на земјиште наспроти 88 проценти сопственици мажи. Само 10 проценти од жените носат одлуки поврзани за земјиштето, додека 50 отсто од жените кои се сопственички на земјиште не се активни во процсот на носење одлуки, рече Тренчевска.

Сетоа ова според неа, укажува на потребата од поддршка на државата за јакнење на жените од руралните средини, поддршка за остварувањето на нивните права, но и за поголемо вклучување на пазарот на труд.