НИКОЛОВСКИ: До 2028 година гарантираме повеќе извоз од увоз на храна!

/ 22.04.2024

До 2028 година гарантираме повеќе извоз од увоз на храна! Заедно можеме да направиме историски, европски раст во земјоделството 2024-2028 година, истакна коносителот во ИЕ 3 на коалицијата за европска иднина, Љупчо Николовски на митингот во Свети Николе.

Поддршката кон младите земјоделци и жена земјоделка ја продолжуваме и зголемуваме

-За 50%, од 10.000 на 15.000 евра, го зголемуваме грантот за поддршка на младите земјоделци, кои сакаат да започнат со земјоделска дејност и дополнително обезбедуваме 40% авансна исплата.Поддршката кон жената земјоделка носител на земјоделско стопанство од 6.000 ја зголемуваме на 10.000 евра, истакна Николовски.

Тој додаде дека додека тие сакаат да ги укинат, ние за 50% ги зголемуваме грантовите за малите производители на храна и пијалоци. Па така веќе од 2026 година грантовите за мала семејна винарија и малите производители на храна ќе бидат 15.000 евра, а поддршакта кон малите десилерии ќе биде зголемена на 10.000 евра.

Со новата програма даваме збор за целосно електронско аплицирање за мерките од програма за финансиска поддршка, кое би стартувало веќе од 2025 година. Дополнително по примерот на мерката зелена нафта, почнувајки од 2027 година, на земјоделците дел од субвенциите ќе им бидат наменски исплаќани на посебна картичка, како поддршка за набавка на репроматеријали.

Сточарите добиваат зголемена поддршка. Гарантираме стабилен сточен фонд и зголемено производство на мелко и место.

-До 2028 година, двојно го зголемуваме буџетот во сточарско производство, од досегашнитее 35 милиони евра на 70 милиони евра годишен буџет. Зголемена поддршка пред се за млеко и месо и тоа во говедско производство и пилешко месо за производство на бројлери, истакна Николовски.

За уште поголема поддршка на сточарите, а со цел зголемување на сточниот фонд и производството на месо и млеко креираме нови програми за сточарите.

-15.000 евра по корисник поддршка за стоачарите во мобилни кланици, мобилни молзилишта и мобилни мандри. Финансиска поддршка од 10.000 евра како мотив за одгледување на бројлери во помали фарми. 10.000 евра поддршка за зголемување на производство на млеко преку нови системи за молзење на краварски, овчарски и фарми на кози, истакна Николовски.

Земјоделското земјиште наместо кај Субрата Рој ние го враќаме во рацете на вистинските земјоделци, ставајќи ја секоја една педа земја во фунцкија за обработка

-Приватното напуштено земјоделско земјиште го ставаме во функција за производство на храна. Секој сопственик на приватно земјоделско обработливо земјиште, добива можност, преку државата своето земјиште да го даде под закуп, а за тоа да добие закупнина според пазарните вредности, истакна Николовски.

Докажавме дека знаеме и можеме подобро да ја водиме државата, да се грижиме за секој еден граѓнин. Нашите резултати до сега, се наш гарант дека секое дадено ветување повторно ќе го исполниме.

Ајде заедно во нова изборна победа, повика Николовски. На 24 април и на 8 мај да гласаме за број 1, за проевропски претседател, Стево Пендаровски и проевропска Влада, предводена од СДСМ, којашто во следниот 4 годишен мандат гарантира европски животен стандард за сите, се наведува во партиското соопштение.


Од истата категорија