По срамната одлука на Уставниот суд, соопштувам дека сите избрани и именувани функционери на СДСМ разликата во платата над 14.500 денари ќе ја донираат во државниот фонд за помагање на граѓаните и борбата против коронавирусот, соопшти генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
– Во духот на солидарноста министри, пратеници, заменици-министри, државни секретари, директори на претпријатија и останати функционери на СДСМ ќе земаат минимална плата од 14.500 денари, без оглед на одлуката на Уставниот суд. Разбираме низ што поминуваат граѓаните и заеднички, со меѓусебно помагање ќе се избориме со сите предизвици. Справувањето со економските последици предизвикани од коронавирусот бараат посветеност, одговорност и пред се солидарност од сите нас. Како партија, како одговорони поединци продолжуваме да работиме единствено за интересите и во интерес на граѓаните. Заеднички ја надминавме и ја надминуваме здравствената, заеднички ќе ја надминеме и економската криза и овие предизвици, изјави Николовски.