НИКОЛОВСКИ ВИКАЛ ПО СТОЧАРИТЕ: „Лажете, лажете…!“

/ 22.03.2019

Трибината на Министерството за земјоделие во Велес била прекината откако министерот Љупчо Николовски им кажал на сточарите од велешко дека лажат, по што тие ја напуштија салата.

„Вие дојдовте да слушнете само тоа што Вас ве интересира, не сакате да слушнете се што имаме сработено, колку напори вложуваме да им помогнеме на земјоделците, кои се мерки ги преземаме“, изјавил Николовски.

Сточарите претходно во неколку наврати прашале дали Министерството ќе им помогне околу откупот на јагнето, кој годинава е незначителен и дали ќе ја субвенционира разликата помеѓу откупната цена 120-130 денари до производната 185, колку што пресметало Министерството за земјоделие.

„Ние овде прашуваме, а одговор не добиваме. Ни кажувате колку работите а откупната цена откако дојдовте на власт изминатите две години е се пониска, претходно беше 150 денари за килограм жива мерка“, порачале сточарите.

Ова го налутило Николовски, кој им рекол ,,лажете, лажете,, по што сточарите кои биле најголем број од присутните во салата ја напуштиле трибината, а Николовски ја прекинал.


Од истата категорија