Издавањето на Охридското Езеро под концесија ќе стави ред и поголема заштита на рибниот фонд, вели министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Тој, како што пренесе ТВ Сител, смета дека на овој начин ќе се зачува вредното природно богатство наспроти тврдењата на екологистите и невладините дека стопанисувањето е спротивно на препораките на УНЕСКО.

Екологистите во неколку наврати истакнаа дека со ваквиот начин на стопанисување незаконски ќе се лови риба над дозволените квоти за личен профит, што секако не е грижа за рибниот фонд.

Новиот концесионер струшка фирма со Охридското Езеро ќе стопанисува 6 години. Невладините апелираат дека е непходен видео надзор за да се контролира работата на концесионерот.

Видеото на ТВ Сител може да го отворите ТУКА.