Министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска информира дека гости во Крива Паланка му биле партиските другари и поранешни колеги во Владата, експремиерот Зоран Заев и ексминистерот за здравство Венко Филипче.
– Зоран Заев и Венко Филипче, благодарам за се што направивте за мојата и наша Крива Паланка. Чест ни беше што бевте наши гости!- објави Николовски на својот профил на Фејсбук.
Николовски во претходната влада на Заев беше вицепремиер за борба против корупцијата и се „прослави“ со откривањето на путер со изминат рок на употреба во трговијата.
Исто така, Николовски, како и Филипче, порано се дружеше со Заев на приватни релаксации со мотори.