Споредбата на Тито со Хитлер е лакрдија и таква хумореска од бугарска страна што не ни треба да се коментира, изјави поранешниот македонски амбасадор и аналитичар, Ристо Никовски, во емисијата Само вистина на ТВ Канал 5.

Таква споредба прави министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева во интервју за германските медиуми.

– Споредбата на Тито и Хитлер е лакрдија и таква хумореска од бугарска страна што не ни треба да се коментира. Јас би и сугерирал на Захариева да ги праша своите родители што мислат за Тито. Се надевам дека и се живи и ќе и кажат се. Ако Тито беше диктатор тогаш Тодор Живков беше сатана. Додека ние со Тито живеевме европски тие, со Живков живееа ѓаволски. Да го прогласуваш Тито како диктатор е надвор од умот и бесмислица, рече Никовски.