Клучниот сведок на обвинителството за случајот организатори на 27 април, доби уште една затворска казна.
Александар Василевски-Нинџа е осуден на шест месеци затвор заради помагање во бегството на двајцата началници на УБК осудени за прислушување Горан Грујовски и неговиот соработник Никола Бошковски.
Василевски-Нинџа ја признал вината, па Основниот кривичен суд му одредил казна затвор од шест месеци.
И самиот Нинџа беше осуден за упадот во Собранието, а подоцна обвинителството го понуди како сведок за случајот организатори бидејќи како што објаснија од обвинителството во комедијадата од судење, тој случајно бил на местото каде обвинетите го договарале „27 април“.
Грујовски и Бошковски избегаа во јули 2017 година. Беа уапсени во октомври истата година на аеродромот во Солун, кога со лажни бугарски пасоши се обиделе да се качат на авион за Будимпешта. Потоа, беа во екстрадиционен притвор. Никогаш не беа екстрадирани поади помилувањето дадено од екс-шефот на држ
авата, Ѓорге Иванов.
Нинџа ѝ стана познат на јавноста кога прво беше обвинет за упадот во Собранието на 27 април и доби 7 години затвор, а потоа беше сведок, по барање на обвинителката Вилма Русковска, бидејќи, како што кажа, случајно се нашол на местото каде се договарал упадот во Собранието.
Тој неколку пати ја променуваше својата официјална изјава пред судот, но сепак беше третиран како кредибилен сведок, за што добил привилегии како пониска затворска казна и подобри затворски услови. Се најде и на листата за помилување со кое требаше да го даде претседателот Стево Пендаровски, но по бурните реакции во јавноста помилување никој не доби.