И покрај растот на продажбата на креми за сончање во Европа од 2,1 проценти годишно, сепак се зголемува и бројот на заболени од меланомски рак на кожата. Според британскиот весник Дејли Меил, секоја година само во Британија заболуваат 15.400 луѓе.
Фиона Осган од Британскиот истражувачки центар за рак смета дека тоа се должи на нашата преголема доверба и очекувања во врска со креми за сончање. Таа вели дека и оние што се на база на минерали, и хемиските креми, штитат до некаде, но минералните се подобри.
– Тие предизвикуваат помалку иритации. Кај хемиските сончеви филтери може да дојде до разградување на соединенија кои потоа не и дозволуваат на кожата да дише. Од минералните креми, ги препорачувам тие коишто содржат цинк-оксид, вели Остан, додавајќи дека ниту една крема не гарантира целосна заштита од сонцето или од меланомот.
Некои земји ги забранија кремите кои содржат оксибензон и октиноксат, елементи кои се сметаат за штетни за горниот слој на кожата.