Водостојот на Охридското Езеро и натаму под просекот за овој период од годината. Последните мерење покажуваат дека нивото на водата денеска се наоѓа на котата од 693,19 метри надморска височина, што е за 22 сантиметри пониско од просекот за февруари.

Температурта на водата е 6 степени Целзиусови, што е во рамки на просекот кој изнесува 6, 5 степени.

Пониско од просечното и тоа за 1,88 метри е и нивото на Преспанското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,53 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.