Ураганот што го погоди источниот брег на САД доведе до прогласување вонредна состојба во американската држава Њу Џерси денеска, додека бројни аеродроми пријавија доцнења и откажувања на летови поради поплави и силни ветрови
. „Најголемото влијание на ураганот ќе биде можноста за поплави, особено во областите од североисточна Северна Каролина кон север до поголемиот дел од брегот на Њу Џерси“, изјави метеорологот Боб Оравек од Националната метеоролошка служба, објави ABC.
Силни дождови се прогнозираат и за југоисточна Нова Англија, областа на Њујорк, како и за брегот на Јужна Каролина, рече Оравек.
Сите делови на Њу Џерси се под вонредна состојба почнувајќи од сабота навечер, која се очекува да трае до понеделник. Се предвидува дека ветровите ќе достигнат брзина од 60 милји на час, со очекувани дождови до 5 инчи, а големи бранови што би можеле да предизвикаат ерозија на плажите ќе го погодат источниот брег на САД.
Националната метеоролошка служба издаде предупредување за ненадејни поплави и ветер за градот Њујорк, кое е на сила до понеделник попладне. Доцнења и откажувања се пријавени на аеродромите од Вашингтон до Бостон.