Њујорк ги затвори сите јавни училишта најмалку до 20 април, и потенцијално во текот на остатокот од учебната година заради загриженоста од ширењето на новиот коронавирус.

Почнувајќи од утре – вторник – баровите, рестораните и кафулињата ќе бидат затворени за гости и ќе биде дозволено само испорака на нарачки.

Градоначалникот Бил де Блазио јасно стави до знаење дека тоа можеби не е крај на ограничувањата за жителите на Њујорк.

– Сите опции се на маса, изјави тој, зборувајќи за потенцијалното воведување полициски час во градот или за ограничувања на патувањата, како и за затворање улици и мостови.
Повеќе од еден милион деца денеска не се во училиште поради Ковид-19.

Градоначалникот истакна дека неговите овластувања за вонредни состојби му даваат можност да остварува вакви потези, но дека се уште не е тој момент за рестрикции.

Според него, градот ги оценува работите од ден на ден и час во час.

– Ова е бескрајна агенда … Има само работа за нас, изјави тој.

Во американската држава Њујорк има 729 потврдени случаи, од кои 329 во градот Њујорк и петмина се починати од тој вирус.