Месеци пред несреќата во Етиопија, во која во неделата загинаа 157 луѓе, пилоти се жалеле на федералните власти во САД за авионот Боинг 737 Макс 8, објави „Њујорк пост“.
Поплаки поднеле пилоти кои биле на летови во октомври и ноември 2018 година и биле регистрирани во федералната база на податоци, објави „Далас морнинг њуз“.
Сите преставки се однесуваат на „безбедносниот механизам“, кој беше наведен и во Прелиминарниот извештај за истрагата за несреќата во Индонезија во октомври.
Тие се однесувале на проблемите со авионот Макс 8, кој користи автопилот при полетување.
Пилотите велат дека авионот одеднаш без никаква причина при полетувањето понекогаш во вртел „носот“ кон земја.
– Фактот што овој авион бара толку работа за да биде во лет-состојба е дефинитивно предупередување, наведува еден од пилотите во жалбата.