Продажбата на оружје во САД достигна рекордна бројка втора година по ред, по периодот во кој имаше масовни престрелки секоја недела, пишува „Њујорк пост“.
Федералното биро за истраги (ФБИ) примило огромен број барања за проверка на купувачите од лиценцирани продавници за продажба на оружје во текот на 2021 година, покажуваат федералните податоци.
Според њујоршкиот весник, ФБИ во јануари проверило четири милиони купувачи, 3,4 милиони во февруари и 4,7 милиони во март.
Тоа е зголемување во однос на минатата година, кога биле направени 2,7 милиони проверки во јануари, 2,8 во февруари и 3,7 милиони во март.