Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп е подготвен гласно и гордо да им се предаде на властите во Њујорк порача неговиот адвокат Џо Такопина додека негови приврзаници протестираат пред зградата на кривичниот суд во Менхетен, пред кој се поставени барикади.
Трамп, кој повторно бара републиканска номинација за Белата куќа во 2024 година, на социјалните мрежи објави дека очекува да биде уапсен денеска , повикувајќи ги своите поддржувачи на масовни протести.
Полицијата во големите американски градови е во состојба на готовност, односно се подготвува за потенцијални немири и демонстрации во случај Трамп да биде уапсен во рамки на истрагата за случајот со порно ѕвездата Сторми Даниелс.Судот може да покрене кривично обвинение за Трамп и тоа би било прв пат во американската историја да биде уапсен еден екс претсдеател. И тоа не поради погрешен чекор туку поради обид за заташкување.
Парите што ги добила порно звздата за да молчи за нејзината афера со Трамп која според неа се случила во 2006 година наводно не биле декларирани како поткуп за молк туку во форма на други издадотици на организацијата на Трамп. Сторми Даниелс добила 130 000 долари во 2016 година кога Доналд Трамп прв пат се кандидиршае за претседателксата функцијата. Парите и ги предал неговиот тогашен адвокат и денешен критичар Мајк Коен. Трамп негира дека имал афера, вели дека не неправил ништо погрешно, а истрагата ја квалификува како лов на вештерки.