Доверливи документи на Пентагон покажуваат дека голем број американски воздушни напади на Блиски Исток биле преземени потпирајќи се врз недоволно разузнавачки податоци, што резултирало со илјада невини жртви, вклучително и деца.
Документот до кој дојде Њујорк тајмс е од скриените архиви на Пентагон за американската воздушна војна на Блиски исток од 2014 година.
Весникот наведува дека во повеќе од 1.300 извештаи на Пентагон се наведува дека воздушната војна во Ирак, во Сирија и во Авганистан се водела врз основа на погрешни разузнавачки податоци, што довело до непрецизно бомбардирање и смрт на илјадници цивили, од кои голем број деца.
Њујорк тајмс потенцира дека ниту еден извештај, кој сведочи за катастрофален неуспех на воздушните операции, не довел до покренување на дисциплинска ниту до кривична постапка, а исплатени се десетици отштети.
Истрагата на Њујорк тајмс покажа дека дури и кога Пентагон ќе признае цивилни жртви во некој напад, значително е намален бројот на жртвите. Весникот тврди дека број на невини жртви е речиси двојно поголем од она што го признава американската војска.
Како пример на лошо спроведени воздушни операции се наведува нападот врз три наводни центри за обука на Исламската држава во северна Сирија во јули 2016 година, кога наместо официјално пријавените 85 убиени екстремисти, биле убиени 120 цивили кои побарале засолниште далеку од линијата на фронтот.
Новинарите на Њујорк Тајмс посетија повеќе од 100 локации на Блискиот Исток кои беа погрешни цели и интервјуираа преживеани, како и официјални претставници на САД.