Местото на специјален пратеник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за Украина би можел да го пополни неговиот советник, адвокатот роден во Русија, Борис Епштајн, пишува „Њујорк Тајмс“.

Повикувајќи се на извори блиски до републиканецот, се наведува дека неговата кандидатура ја предложил „најдобриот помошник“ на новоизбраниот претседател.

Роден е во Русија и живеел таму како дете, има роднини и во Руската Федерација и во Украина.