Американскиот претседател Доналд Трамп сакал да назначи свој поддржувач – њујоршки обвинител за шеф на истрагата против него, објави Њујорк тајмс.
Станува збор за истрага за суми платени од поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен на Сторми Даниелс и Карен Мегдауел во замена за молчење за наводни врски со милијардерот.
Според весникот, Трамп побарал од в.д. министерот за правда Метју Витејкер случајот да му биде доделен на обвинителот од Менхетен, Џефри Барман, кој се смета за приврзаник на претседателот.
Трамп ја нарече информацијата – лажна вест. Барман се повлече од истрагата за да избегне обвинувања за конфликт на интереси и случајот го води еден од неговите заменици.