Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер ги сумираше впечатоците од вчерашниот натпревар од 26. коло од Бундеслигата со Унион Берлин (2:0).
– Задоволни сме што доминиравме во играта и заслужено постигнавме три поени. Баерн можеше да се покаже подобро. Сепак, ние заслужено победивме. Јасно е дека атмосферата е сосема поинаква. Но, сето тоа зависи од нас, тоа е прашање на мотивација и свесност за тоа што се случува. Секако, се потрудуваме, работевме многу за време на карантинот и сега сакаме да се покажеме од најдобра страна. Не смееме да се опуштаме. До крајот има уште осум кола. Може да се случи многу нешта. Не треба да отпишуваме никого, изјави Ноер.
По 26 кола, Баерн е лидер на табелата во Бундеслигата со 58 бода, пред Борусија Дортмунд која има 54.