Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, по гостинската победата над Олимпијакос во 3. коло од Лигата на шампионите (3:2), го потенцира проблемот на својот тим.
– Сами си го отежнавме животот. Немаме доволно доверба во нашата игра. Треба да продолжиме да ја анализираме нашата игра и да бараме каде можеме да се подобриме. Проблемот сега е што на секој натпревар треба да постигнеме дури три гола за да победиме. Затоа што на противникот му дозволуваме да постигне два, истакна Нојер.
Баерн има девет бода по три кола во Б-групата од ЛШ и се наоѓа пред пласман во следната фаза.