Поради експлозија на трафостаница во њујоршки Квинс, небото над Њујорк беше извесно време во сина боја.
Експлозијата предизвика и привремен прекин работата и на аеродромот ЛаГвардија. Авионите беа приземјени еден час. Во прекин беше и снабдувањето со електрична енергија.
Социјални мрежи се полни со фотографии и видеа од чудната сина светлост што потсетува на сцени од научно-фантастични филмови.
Дел од жителите се прашувале дали станува збор за инвазија на вонземјани, објави Си-Ен-Ен.