Во Австралија, чекор по чекор, животот се нормализира и се враќа во состојбата од пред пандемијата на коронавирус.
Во државите Нов Јужен Велс и Јужна Австралија се дозволени собири во сали за танцување и свадби, а во државата Викторија е дозволен поголем број гледачи на спортски настани.
Во овие три земји, каде што живее скоро третина од популацијата на Австралија, не е потврден ниту еден нов случај на Ковид-19, а во најнаселениот Нов Јужен Велс, не е евидентиран ниту еден случај на локално пренесување на вирусот 41 ден по ред.
Минатиот понеделник започна вакцинацијата на приоритетни групи граѓани со околу 60.000 вакцини Фајзер/Бионтек.
Во Австралија, досега се потврдени нешто помалку од 29.000 случаи на коронавирус и 909 смртни случаи кај пациенти со Ковид-19.