Полицајците во Норвешка привремено ќе носат оружје. Таквата одлука е донесена по терористичките напади во Франција и во Австрија.

Засега норвешката полиција ќе носи оружје во следните три недели.

– Конкретни закани кон Норвешка нема, но неодамнешните настани во Европа нè потсетуваат дека полицијата секогаш мора да ги земе предвид ризиците од несакани несреќи, се наведува во соопштението на полицијата.

Полицијата во Норвешка вообичаено не носи оружје, но има во полициски патролни автомобили.