Норвешка се подготвува за пристигнувањето на бурата Ингун, за која се тврди дека би можела да биде најсилната бура во изминатите 30 години.
Се очекува бурата денеска да ја погоди централна Норвешка, а утре да се придвижи кон северниот дел на земјата.
Населението е предупредено да остане во затворен и безбеден простор. Властите издадоа црвено највисоко ниво на предупредување за областа околу градот Трондхајм, каде денеска се очекуваат силни ветрови.
Уште едно црвено предупредување е издадено и за Лофотенски Острови долж брегот на Арктикот.
Се предвидува дека ветровите ќе се движат со брзина од 126 до 180 километри на час.