Најновите податоци на властите во Осло покажуваат дека во Норвешка, секое заразено лице веројатно го пренесува вирусот на 0,7 други во просек, а пред воведувањето мерки за ограничување на движењето и контакти тој број бил 2,5.
Норвешката Влада го стави под контрола ширењето на Ковид-19, објави министерот за здравство на земјата Бент Холе, но истакна дека е премногу рано да се укинат мерките.
-Тоа значи дека епидемијата на новиот коронавирус е ставена под контрола, рече Холе.
Норвешка досега регистрираше 5.755 случаи на заразени со Ковид-19 и 59 починти.
Земјата воведе строги мерки кон средината на март, ги затвори своите граници за странците, а Норвежаните кои се враќаа од странство мораа да одат во 14-дневен карантин.
Училиштата, градинките, црквите, универзитетите и другите институции се затворени.