Норвешката полиција соопшти дека данскиот државјанин, кој минатата недела уби пет лица, а повреди тројца, при нападот, покрај лак и стрела, користел и „убодно оружје“.

Полицискиот инспектор Пер Томас Омхолт рече дека 37-годишниот Еспен Андерсен Братен најверојатно прво ги повредил жртвите со стрели, а потоа ги избодел до смрт со ладно оружје.
– Кога станува збор за оружјето, претходно рековме дека напаѓачот користел лак и стрела. Но, тој користел и убодно оружје. Не сакаме да излеземе со информации за каков вид ладно оружје се работи, бидејќи се уште не сме ги испитале сите сведоци, рече Омхолт денеска на прес-конференција.
Андерсен Братен уби пет лица во средата во градот Конгсберг, југозападно од Осло. Норвешката национална агенција за безбедност подоцна објави дека се работи за терористички акт.

Данскиот државјанин (37) Еспен Андерсен Братен преминал во ислам.

Норвешките медиуми пишуваат дека Братен и претходно имал проблеми со законот и бил уапсен во текот на оваа година, откако му се заканил на неговиот татко со убиство.

Тој се изјасни за виновен за убиствата.