Нотарската комора бара зголемување на дел од нотарските тарифи, кои како што посочуваат не се зголемени повеќе од 25 години.
– Неминовно е да има измени во дел од нотарската тарифа од причина што зголемени се трошоците. Како Комора сме во корелација со Министерство за правда и Владата, како би можеле да не се оптерети буџетот на граѓаните и да се задржи нотарската професија, изјави претседателот на Нотарската комора Методија Ристоски.
На денешниот брифинг со медиуми, како пример, ја посочуваат заверката која чини 100 денари и не е променета 27 години.
Како дел од проблемот, ги посочуваат законските измени со кои се дозволува наместо претходно уреденото на 20 илајди граѓани да има еден нотар, да има најмалку еден нотар, но и законските измени од 2016 со кои се воведува задолжително учество на адвокатите во постапките пред нотар и право на 50% пд нотарската награда.
Како пример го посочуваат Куманово каде според последниот попис треба да има 4, а сега има 14 нотари.
Фото: МИА