„Одговоривме на сомнителна ситуација во Колосеумот во Насау. Сепак, нема потврда дека е пронајдена експлозивна направа“, изјави полицаец за безбедност за Newsweek, што е спротивно на првичните извештаи дека експлозив бил пронајден во автомобил недалеку од местото каде што се наоѓал Доналд Трамп пред одржување на денешниот митинг на Лонг Ајленд.
Потсетуваме, „Дејлимејл“ прв објави дека полицијата наводно пронашла експлозив во автомобил во близина на местото каде што Трамп ќе одржи митинг. Извори од полицискиот оддел на округот Насау, наводно, му кажале на новинарот на One America News Network Џејмс Лалин дека местото на собирот било „пробиено“.
Освен тоа, полицајците наводно „нашле експлозивна направа во едно од возилата“. После тоа, возачот побегнал во шумата.
„Никој не виде дали има нешто на него, само го видоа како бега. Сега таму се паркирани многу автомобили“, рекол извор за Лалин, според објавата на Икс.
🚨Cops confirm no threat to Donald Trump’s rally following report of ‘explosives’ found in car. #Explosives #Trump #LongIsland
Can Trump trust the authority at this point or should he cancel his rally?https://t.co/OXmDIi8Uxw
— Noparty System (@Noparty1776) September 18, 2024
Илјадници фанови на МАГА се очекува да се спуштат на Лонг Ајленд попладнево пред митингот на кој Трамп треба да одржи говор. Новиот аларм дојде само три дена откако осомничен беше уапсен за обид за атентат на Трамп во неговиот голф клуб во Флорида.
Да потсетиме, првиот обид за атентат на Трамп беше на 13 јули годинава, кога поранешниот претседател беше ранет во увото.