Професор д-р Игор Николов е кандидат за нов амбасадор на Република Македонија во Франција, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром во објектот на Воената Академија „Михајло Апостолски“ каде беше симулиран сајбер хибриден напад.
Одговарајќи на новинарско прашање премиерот Мицкоски соопшти дел од советниците кои ќе заземат финкции.
-Еден од тие кој што беше со би рекол со полно работно време е проф. д-р Игор Николов. Тој беше мој советник во делот на здравствената политика. Тој договор ќе престане бидејќи на вчерашната седница беше предложен од страна на Владата да биде нов амбасадор на нашата држава во Франција, изјави Мицкоски.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчои Муцунски на прес конференција во декември лани ги најави измените на Законот за надворешни работи, кој ќе се носи транспарентно и во редовна постапка, чија цел е професионализацијата на дипломатската служба и подобрување на работењето и функционирањето на целокупниот државен систем вклучен во дипломатските процеси, како и преземањето на надлежностите во делот на надворешната трговија и странските инвестициите, обврска која произлезе од измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа.