Израелската армија соопшти дека Техеран повторно е под напад и оти се напаѓаат воени цели на подрачјето на главниот град на Иран.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека неколку проектили ги погодиле северните и источните предградија на Техеран.

Според западните медиуми, кои сè уште имаат дописници во Техеран, густ чад се издига на над источните и југоисточните квартови на градот.