„Синиот час“ е насловен краткометражниот филм по сценарио и во режија на Ана Јакимска кој почна да се снима вчера, во продукција на „Кавал филм“ и со финансиска поддршка од Агенцијата за филм.
Филмот е приказна за девојка која доаѓа во главниот град од мало провинциско место со големи очекувања, надежи и соништа за иднината.
– И покрај тоа што успева да се избори за своето место и да се интегрира во урбаната средина, сепак одредени ситуации ќе ја соочат со животот и реалноста наспроти нејзините очекувања, соопшти продуцентската куќа „Кавал филм“.
Улогите во филмот ги толкуваат Наташа Петровиќ, Жаклина Стевковска, Дарко Набаков и Тамара Ристоска. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф: Симо Бранов, костимограф:Жаклина Крстевска, композитор Тони Китановски, монтажер Горјан Атанасов, шминкер Жанета Димитриевска.
Продуцент на филмот e Роберт Јазаџиски од „Кавал филм“, а копродуценти се Дејан Крајчевски од „Круг филм“ и Павлина Проевска од „Филмс за нас“.