Предлозите на Владата за нов министер за здравство и нов заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, в понеделник ќе се најдат пред пратениците.
Собранието ја закажа 54. седница во 11 часот на која пратениците ќе расправаат за предложените имиња на овие функции.
Азир Алиу е предложен за министер за здравство, а за заменик министерската позиција во земјоделство како предлог е Албрим Хоџа.