Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран нов негативен рекорд на смртни случаи од Ковид-19 на дневно ниво, починаа 71 лице, додека пак намален е бројот на новозаразени во споредба со претходните денови, јави дописничката на МИА од Атина.
Исто како и минатата недела, поради помалиот број направени тестови, новите случаи се по 2.000, односно 1.698, додека, пак, 392 пациента се приклучени на апарати, односно 26 повеќе од вчера.
Најголемиот број нови случаи, повторно се во Солун, 435 и во областа Атика, поширокиот регион на Атина, 405 заразени.
Од почетокот на епидемијата, во Грција има 74.205 случаи на Ковид-19, а се регистрирани 1.106 смртни случаи.