Вечерва сме на терен да решаваме проблем создаден од страна на градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“. Овој проблем тие не можат да го решат пред се заради лош менаџмент. После 4 дена ужасна состојба која стана и здравствен предизвик за жителите, заедно со колегите градоначалници решивме да преземеме конкретни чекори, изјави градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски од терен во општината каде вечерва смет заради проблемот кој го создаде градот Скопје.

Тој посочи дека иако општина Аеродром Иако нема соодветна механизација со тоа што е на располагање веќе почнато да се чистат депониите кои се создадени низ Аеродром.

– Крајно сум благодарен на градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов кој на прв повик даде помош и очекуваме во секој момент да пристигнат два огромни камиони од Штип кои ќе ни помогнат да ги празниме контејнерите, рече тој.

Муцунски додаде дека тоа што треба да го знаат сите скопјани е дека нема каде да се однесе ѓубрето, согласно информациите првите камиони кои пристигнуваат во ЈП Дрисла не им се дозволува ѓубрето да се депонира таму.

– Во овој момент се подготвуваме да се упатиме на таа локација да видиме да го решиме тој дополнителен проблем. Тоа што треба да го знаат сите, ќе дадеме максимални напори во најбрз можен рок да ги отстраниме проблемите. Работиме посветено, тоа е наша обврска, нагласи Муцунски.