НОВ РАЗДОР ВО ПРАВОСЛАВИЕТО: Вселенскиот патријарх ги нарече Бугарите „банда криминалци“

/ 20.12.2018

Вселенскиот патријарх Вартоломеј Први поведе судска постапка против Пристонскиот универзитет, со која бара од таму да му бидат вратени ракописи стари 1000 години, за кои тврди дека биле украдени од Бугари во текот на 1917 година од мнастирот Теотокос Ејкосифоиниза, кој се наоѓа во северна Грција. Според Вселенскиот патријарх, Бугарите кои го нападнале манастирот, ги убиле монасите и украле древни ракописи. Тој ги нарече Бугарите „банда криминалци“, со што уште толку ја вжешти и така жешката атмосфера.

Во еден од бугарските медиуми, беше објавен текст, со кој се исмева Вселенскиот патријарх Вартоломеј Први.

Во текстот се вели дека наградениот во 2015 година од Росен Плевнелиев, не се знае за какви заслуги, патријархот Вартоломеј Први, кој извојува да го нарекуваат „севселенски патријарх”, го збуни целиот православен свет со две непријатни вести.

Според медиумот, првата е, неговата намера на Бадник да врачи указ за автокефалност на Украинската црква, со што зарива нож во срцето на православието – категорични се дел од богословите.

И втората вест од нашиот духовен лидер, со седиште во Истанбул, е дека токму Бугари украле ракописи, поради што тој го дал на суд Универзитетот Принстон.

Вартоломеј, без никакви сериозни аргументи, ги нарече Бугарите, „група од 60 криминалци”, дури и пред да започне случајот. Пред извесно време истиот Вартоломеј ја укори Бугарската православна црква, дека сака да биде црква-мајка на македонската, и рече дека само Константинопол е црквата-мајка, односно сите цркви ги смета за „свои” и единствено предводени од него, пишува бугарскиот медиум.

„Во православието нема ‘папа’!”, се шегуваат богословите, вели медиумот, иако узурпаторската политика на Вартоломеј веќе почна да буди сериозна загриженост.

Според него, со титулата „Вселенски патријарх” Вартоломеј се закити во 2007 година, но и до денес правници и богослови сметаат дека таа освен незаконска, се базира на императорска самодоверба на некогашниот Константинопол, противречи и на црковниот канон, согласно кој, патријарсите се самостојни и еднакви еден на друг – не може да има „духовен лидер”, како што тврди Вартоломеј.

Многу бугарски богослови велат – дека без дозвола на бугарскиот патријарх, Вартоломеј не може да служи дури во едно мало село во Бугарија, и покрај тоа што се нарекува „Вселенски”. Последниот, сепак, постојано се изградува и се доживува како „началник” на православието, а исто така и како светски политичар.

Што е работата со последното навредување, и ако се покаже дека тоа навистина е така, во правна смисла на зборот, Бугарија не треба ли да го даде на суд „патријархот од Истанбул” ?!, прашува бугарскиот медиум

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј Први Константинополски поднесе тужба против Универзитетот Принстон, барајќи од него да ги врати ракописите од пред 1000 години, за кои тврди дека биле украдени од Бугари во 1917 година од еден манастир во северна Грција. Бугарите го нападнале манастирот Теотокос Ејкосифоиниза, ги убиле монасите и ги украле древните текстови.

Не е јасно зошто, еден век по крвавиот криминал за кој сме обвинети, пишува бугарскиот медиум, Вартоломеј тукушто добил „докази”, кои ги презентира на суд.

Универзитетот во Принстон, пак, не ги признава наводите, информира медиумот.

„Врз основа на информацијата, со која располагаме, не откривме никакви основи да се сомневаме дека ракописите, што ги поседуваме, биле украдени за време на Првата светска војна или биле незаконски одземени од поседувањето на патријархот“, посочува во меил портпаролот на универзитетот, Мајкл Хочкис.

Згора на се, во одговорот на писмото на Вартоломеј велат дека два од бараните ракописи воопшто не биле во манастирот за кој тој вели дека бил нападнат и ограбен!? Не е можно тие два ракописа да биле украдени од Бугари или од кого и да било друг!?

Ракописите, што ги бара Вартоломеј и се наоѓаат во универзитетот во Принстон, несомнено се вредни реликвии за целиот православен свет. Тоа се ракописот на Свети Јован Златоуст-„Коментар на Евангелието по Матеј“, препишан во текот на 955 година по Христа од писарот Никифор, ракописот на Свети Јован Лествичник „Божествена скала“, препишан во 1081 година во Константинопол од писарот Јозеф, и страници од 9 век, што најверојатно биле дел од ракописот „Коментар на Евангелието по Матеј“.

Меѓутоа, според бугарскиот медиум, Вартоломеј си ја „влече чергата“ кон себе и заедно со адвокатот-човек на Грчката православна црква, во писмо до Пристонскиот универзитет во 2015 година посочените ракописи ги нарекуваат „неделив и нераскинлив дел од Византиската култура“. Само на едно место во писмото двајцата Грци срамежливо споменуваат:„Тие се и свети писанија, што се уште се читаат и почитуваат од Источната православна црква и нејзините мирјани“.

Во моментов сме исправени пред случај од национално значење: Името на Бугарија веќе низ целата Земјина топка се споменува со петното на „банда престапници“ и можеби е време да прашаме со какви аргументи сме наречени такви од страна на вселенскиот патријарх? Како христијани, пак, редно е да го прашаме од „иста црква ли сме“ со патријархот или тој одговара за друга „вселена“ во која ние не припаѓаме?!, прашува бугарскиот медиум.

 


Од истата категорија