Централниот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема ја престигна клупската легенда Ференц Пушкаш во вечната листа на стрелци за „кралскиот клуб“, откако постигна два гола во синоќешната победа над Валенсија.

Мадрид ја продолжи битката за титулата со успех над „лилјаците“ со 3-0, а Французинот постигна два од головите за да го зголеми вкупниот скор за Реал на 243 гола.

Така, тој го престигна Унгарецот (242 погодоци) и веќе го зазема петтото место на вечната листа.

Сега Бензема го брка четвртиот на рангот Сантијана, кој има постигнато 290 голови со белиот дрес. Топ 3 гола за клубот се Кристијано Роналдо (450), Раул (323) и Алфредо Ди Стефано (308).