Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран на границата меѓу Турција и Сирија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на 60 километри северно од сирискиот град Латакија и 30 километри јужно од турскиот град Белен.

Според очевидци, имало силно тресење и причинета е материјална штета.