НОВ СКАНДАЛ СО ДОМАШНО ЖИВОТНО: По тренираното магаре во Кавадарци сега афера за секс со магаре и видео објавено на Фејсбук

/ 16.12.2021

Жител на кавадаречко село е осуден затоа што со помош на пријател прикажал на социјалните мрежи како има секс со магаре.

За ова тој е осуден на парична глоба од 400 евра за кривичното дело „Задоволување на полови страсти пред друг“. Обвинетиот не се жалел и пресудата е правосилна. Настанот се случил на 5 март годинава, околу 12.30 чaссот, во близина на фудбалско игралиште на селото каде живеел, објави порталот СДК.

-Обвинетиот маж вршел полово дејствие заради задоволување на своите полови страсти врз домашно животно – магаре, пред друго лице, кое со мобилен телефон го снимал половото дејствие и потоа снимката ја препраќал на други лица и јавно ја објавил на Фејсбук, пишува во обвинението со предлог за издавање на казнен налог.

Јавноста се уште не го заборавила скандалот од финансиската афера „Тренирано магаре“, за кој се води судски случај, во кој е обвинета поранешната пратеничка на СДСМ, Лидија Димова.


Од истата категорија