Тимот на Универзитетската клиника за нефрологија, предводен од директорот науч. сор. Д-р Никола Ѓорѓиевски, учествува во современ пристап во создавање артериовенска фистула за хемодијализа.
Во нашата клиничка пракса се применува современ и меѓународно прифатен метод за создавање брахиобазилична артериовенска фистула со суперфицијализација на базиличната вена, изведен со минимално инвазивни резови.
Наместо класичен долг хируршки рез, интервенцијата се изведува преку неколку мали инцизии, при што вената се мобилизира, целосно се репозиционира и се поставува поповршно, со што станува лесно достапна за хемодијализа“, велат од Клиниката.
Кои се предностите на овој тип интервенција?
Значително помала траума,
Помал ризик од инфекција и компликации,
Помала постоперативна болка,
Побрзо заздравување,
Подобар естетски (козметички) резултат,
Подобра функционалност и подолг век на фистулата.
Што значи ова за пациентот?
За пациентите на хемодијализа, значи:
побрзо враќање во секојдневните активности;
покомфорно и побезбедно дијализирање;
помала потреба од дополнителни интервенции;
подобар квалитет на живот на долг рок.
Овој пристап е широко применуван во водечките светски центри и претставува дел од модерните трендови, со јасна цел – максимална корист и безбедност за пациентот.
Продолжуваме да се грижиме за нашите пациенти“, велат од Клиниката.




