Студентите и учениците ќе треба да засадат најмалку 10 дрвја за да можат да завршат основно или средно училиште или факултет, предвидува новиот закон донесен на Филипините.
Ако законот правилно се имплементира, над 12 милиони ученици кои завршуваат основно училиште, речиси пет милиони ученици кои завршуваат средно образование и околу 500.000 дипломирани студенти секоја година ќе засадуваат најмалку 175 милиони нови стебла.
– Една генерација, во рамките на оваа иницијатива, може да засади до 525 милијарди дрвја, изјави Гери Алехано, автор на предлогот.
Тој наведува дека дури и со стапка на преживување од само 10 проценти, тоа би значело дека младите ќе имаат 525 милиони дрвја на располагање, во кои ќе можат да уживаат во иднината.
Според законот, Министерството за образование и Комисијата за високо образование ќе бидат одговорни тела, во партнерство со Министерството за животна средина и природни ресурси, Министерството за земјоделство, Одделот за аграрни реформи и неколку владини агенции.
Агенциите се одговорни за основање расадници, производство на садници и подготовка на местото на садење, како и за следење и евалуација на садење и за техничка поддршка и советодавни услуги. Тие, исто така, мора да обезбедат безбедност, транспорт, заштита од пожар и медицинска поддршка.