Лидерката на владејачката Лабуристичка партија на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, утрово изјави дека по убедливата изборна победа ќе формира нова влада во следните три недели.

Ардерн не ја спомна можноста за склучување коалициски договор со Партијата на зелените, која освои 7,6 проценти од гласовите на изборите и треба да има 10 места во парламентот.

Ново-старата премиерка на Нов Зеланд изјави дека на земјата не и требаат нови ограничувачки мерки откако беше регистриран еден нов случај на коронавирусот.